недела, 10 мај 2026

Пукање во Хрватска: Во кафуле го убил шефот на криминалистичката полиција, а потоа се застрелал

Утрово во кафуле во Крапина се случи пукање, во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загуби животот, објавија хрватските медиуми.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Утрово во угостителски објект во Крапина, Хрватска, се случи пукање, во кое беше убиен полицаец (52), а убиецот се застрелал со истото оружје, по што бил пренесен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава во Загреб.

„Нешто по осум часот во угостителски објект во Крапина, полицаец кој не бил на должност бил убиен со огнено оружје. Сторителот се ранил со истото огнено оружје, а потоа бил пренесен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава. Полициски службеници се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на инцидентот“, изјави портпаролот на Полициската управа Крапино-Загорје, Звонимир Лончар, пренесе Хина.

Според Индекс.хр, убиен е Роберт Грилец, шеф на Одделот за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапино-Загорје. Степенот на повредите на ранетиот напаѓач сè уште не е познат.

Хина додава дека убиениот полицаец е жител на Крапина, како и сторителот, и дека живееле во соседството.

Убиениот шеф на криминалистичката полиција, Роберт Грилец, во 2018 година бил награден од тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за неговата чесна и примерна служба, потсетува Индекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ