недела, 10 мај 2026

Фудбалскиот клуб на Ѓоковиќ по 16 години пак ќе игра во Прва лига

Францускиот клуб, Ле Ман, во кој еден од инвеститорите е и Новак Ѓоковиќ, успеа да се врати во најдобрата лига во Франција, Лига 1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред последната рунда беше познат само еден директен патник во Лига 1 и тоа тимот на Троа, додека за второто место се бореа Ле Ман и Сент Етјен. „Зелените“ се надеваа на кикс на ривалот против Бастија, но тоа не се случи. Откако Милан Робин во првата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат, следуваше хаос на трибините. Револтирани домашни навивачи почнаа да фрлаат факели на теренот, по што судијата ги испрати играчите во соблекувалната.

Иако можеше веднаш да означи крај, натпреварот беше прекинат, а по 45-минутна пауза беше донесена одлука да не продолжи. Сега дисциплинските органи треба официјално да ја донесат конечната одлука, но најреално е натпреварот да биде регистриран со победа за Ле Ман, клубот кој привлекува внимание и поради тоа што неодамна беше преземен од конзорциум во кој се наоѓаат Новак Ѓоковиќ, Фелипе Маса и Тибо Куртоа.

Ле Ман не играл во француската елита цели 16 години, а во 2013 година клубот прогласи банкрот. Оваа сезона имаше четврти најмал буџет во Лига 2, а најголем дел од ростерот го сочинуваат фудбалери кои претходно настапувале во третата, четвртата и петтата француска лига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ