Според информациите од ОВР Делчево, на 8 мај во 10:25 часот било пријавено дека Н.А.(76), Ф.С.(80) и Б.П.(80), сите од Делчево, користеле две воздушни пушки со калибар 4,5 милиметри, сопственост на Здружението на пензионери од Делчево, чиј членови биле.
Во службен разговор тие изјавиле дека во изминатиот период се подготвувале за пензионерски спортски натпревар кој треба да се одржи кон крајот на мај во Кочани.
Полицијата ги одзела метата, воздушните пушки и муницијата – дијаболи, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






