понеделник, 11 мај 2026

Маврово се подготвува за Светското првенство во риболов на крап

Јавната установа Национален парк Маврово, во соработка со Македонската риболовна федерација, вчера го пориби Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап. Ова претставува прва фаза од планираните активности за порибување, со цел збогатување и унапредување на рибниот фонд во водите на територија на Националниот парк Маврово. Во септември на Мавровското Езеро ќе се одржи Светското првенство во спортски риболов на крап.

Објавено на

часот

Сподели

Националниот парк Маврово активно работи на афирмација и промоција на спортскиот риболов, развој на риболовниот туризам и создавање услови за организирање на значајни меѓународни спортски настани. Од вчера е забранет ловот на крап на Мавровското Езеро. Забраната важи до завршување на Светското првенство.
„Апелираме до сите љубители на спортскиот риболов да ги почитуваат правилата и прописите за риболов и со своето одговорно однесување да дадат свој придонес кон зачувување и збогатување на рибниот фонд во водите на Националниот парк Маврово.
Организацијата на едно вакво светско првенство претставува настан од исклучително значење за Република Македонија и НП Маврово, а успешната реализација зависи од заедничката одговорност, поддршка и соработка на сите љубители на природата и спортскиот риболов“, соопшти НП Маврово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ