Во официјални документи на Австралија и на САД без никакви резерви се употребува зборот „северномакедонски“ кога се однесува на македонската социјална политика, на македонско министерство, на плаќање, на партнерство…

Досега пишувавме за такви примери на употребата на измислената придавка „северномакедонски“ и на официјалната веб-страница на француското министерство за надворешни работи, на веб-страницата на Делегацијата на ЕУ во Македонија…

Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, склучен наводно за побрза македонска интеграција во НАТО и ЕУ, иако не ги исполни целосно таквите декларирани намери, се претвори во практична алатка за деноминирање на македонскиот национален идентитет.
Министерството за надворешни работи на Македонија, уште на 22 февруари 2019 објави едно упатство за медимуите (кое сè уште стои на веб-страницата на МНР), како своевиден правопис според Преспанскиот договор. Во тоа упатство се наведува : „Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција“.
Преспанскиот договор не е обврска само за Македонија и покрај сета асиметрија на договорот. Него треба да го почитуваат и Грција, и ЕУ со нејзините институции и сите други држави.
А.Д.






