вторник, 28 април 2026

Ги Пармелан, претседателот на Швајцарија, утре во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

 

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

Како што информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова, по пленарниот состанок, планирана е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пармелан.

Според програмата, предвидено е претседателот Пармелан да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ