Кога избирате здрав начин на живот влијаете врз начинот на кој се чувствувате, вашата психолошка состојба и вашиот квалитет на живот. Правите избор што честопати ќе ги инспирира вашите пријатели, семејство и деца да направат промена во сопствените животи.
Бидете личноста која чекори кон промени.
Како регионален и европски лидер во индустријата за спортска исхрана и фитнес опрема, Полео спорт расте и се подобрува од ден за ден, за да им го овозможи на своите клиенти најдоброто од палетата на светски брендови.
Во продажните места на Полео спорт (Polleo Sport) работи високо едуциран персонал кој го промовира концептот на здрав живот, чија цел е едукација и подигнување на свеста за тоа колку е важен активниот живот. Може да се најде најголем избор на спортска суплементација, био и здрава храна, фитнес опрема – сè на едно место, производи од најдобрите светски производители за суплементација и опрема како Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, QNT, My Protein, ME: First, BSN, Garmin, Fitbit, Atleticore, Equa, Reebok, DC Comics, Under Armour, ZOE, TRX… и уште многу други светски имиња.
„Среќни сме што низ годините имаме интерес и поддршка од толку многу луѓе и благодарни сме на сите кои дојдоа да го прослават отворањето на новата продавница со нас. Благодарни сме им на сите кои одлучија да нѝ се приклучат во промовирањето на здрав и спортски стил на живот, бидејќи заедно како вистински тим можеме да се избориме против лошите навики. Се надеваме дека бројот на нашите пријатели ќе продолжи да расте и дека сите добро ќе се забавуваме додека ги поместуваме границите во борбата за поквалитетен живот“, велат од компанијата.
Полео спорт е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.






