среда, 15 април 2026

Одземени лиценците на две компании за трговија со мазут и еуродизел

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти РКЕ, Дади Оил ДООЕЛ Јакимово, Виница достави документи со кои докажува дека поседува резервори за Еуросупер БС 95, по што постапката за оваа компанија е запрена. Башино Гас извоз – увоз ДООЕЛ Велес исто така приложи документи за обезбедени резервоари за вршење на енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).

„Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РЕК

Што се однесува за постапките за одземање на лиценци кои беа отпочнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ ги доби записниците од извршениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативните резерви по што се донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, Ли – Оил ДБ ДООЕЛ увоз- извоз Кавадарци, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ