недела, 19 април 2026

Одликувани новите предводници на целите за одржлив развој

Објавено на

часот

Сподели

Преку Целите за одржлив развој бизнисите го усмеруваат влијанието што го имаат да создаваат подобро општество. Добитниците на наградите и признанијата се свесни дека одржливоста е клучен сегмент од бизнис развојот и инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на одржливиот развој.

Овој пат „Макпетрол“ АД Скопје е добитник на признание за придонес кон остварувањето на целите за одржлив развој. Признанието е доделено поради особениот придонес на Компанијата кон зачувување на животната средина изразено преку сопствено и одговорно  производство и продажба на биодизел, современи бензински и дизел горива според европски стандарди, течен нафтен гас и метан како најеколошко гориво достапно на македонскиот пазар. Сите горива се достапни на современите бензински станици на „Макпетрол“ изградени во согласност со европските и  светските  стандарди во нафтената индустрија исполнувајќи ги притоа  сите безбедносно – технички нормативи. Ова признание е уште една потврда дека „Макпетрол“ е предводник во нафтената дејност во државата, компанија која секогаш се води од најголема заложба – бескомпромисен и врвен квалитет.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите. Заедно, преку храбри чекори и соработка помеѓу сите сектори на општеството, можеме да ставиме крај на екстремната сиромаштија, да се бориме против нееднаквоста и да се справиме со климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ