среда, 15 април 2026

Од 29 октомври во Ист гејт – Тинекс и Космо

Објавено на

часот

Сподели

Во Супер Тинекс ќе биде достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Во рамки на супермаркетот ќе има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот.

„Како втор концепт е нашата луксузната продавница на продажен простор од 300м2 на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, niche брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од најпознатите шпански и италијански дизајнери. Парфимеријата Космо е најуникатната продавница за убавина во градот со над 10.000 производи за нега и убавина“, велат од компанијата.

Како новитет во Македонија, Тинекс за прв пат за потрошувачите ќе постави каси за самoнаплата на кои потрошувачите брзо, лесно и сигурно во само неколку чекори ќе може да ги купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење.

По повод отворањето Тинекс и Космо подготвуваат многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на Мој Тинекс клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ