среда, 15 април 2026

Нова голема наградна игра на Халк банка

Објавено на

часот

Сподели

Во соработка со Мастеркард, новата голема наградна игра под забавниот слоган „Активирај супермоќ“ од денес зема замав низ целата држава, и тоа на три различни начини: со трансакции направени со кредитните картички Mастеркард, како и трансакции направени преку иновативните услуги на банката – HalkPay и GarminPay. Наградната игра е со времетраење од 4 месеци, до крајот на февруари.

Дополнително, сите корисници што ќе направат трансакција преку HalkPay и GarminPay добиваат трипати повеќе шанси за добивка за некоја од вкупно 60-те награди.

Условите за учество во наградната игра за „активирање супермоќ“ се едноставни: секој корисник што ќе направи трансакција преку кредитните картички MasterCard за физички лица, преку апликацијата HalkPay или, пак, преку GarminPay и што ќе се согласи за учество на линкот, влегува во игра за некоја од наградите: вкупно 45 ваучери за спортска опрема во износ од 6.000 денари во три месечни извлекувања – на 3 декември, на 12 јануари и на 2 февруари; 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипеди, кои ќе бидат доделени на големото главно извлекување на 9 март.

Право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на Халк банка кои се корисници на кредитните картички Mastercard за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless, Mastercard World Contactless) за направена валидна трансакција, како и валидни трансакции направени преку мобилната апликација HalkPay и преку услугата GarminPay.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ