среда, 11 февруари 2026

Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието, утре седница

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за законите за ДДВ и акцизите за горивата, пишува Тв21.

 

Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.

Во Собранието е во тек продолжението на 50-тата седница на која се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, во прво читање. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ