среда, 15 април 2026

Ист гејт мол ги отвори вратите со порака за посетителите „Ти си центар“

Објавено на

часот

Сподели

Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, Ист гејт мол на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката „Ти си центар“.

Објектот на Ист гејт мол, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2. Во склоп на истиот се простираат 2.000 паркинг места, 220 продавници кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.

„Ист гејт мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено Ист гејт мол е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, Ист гејт мол е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде“, изјави Игор Давков, главен извршен директор на компанијата Скопје Ист гејт.

Според Сотириос Јанакудакис, менаџер на Ист гејт мол, од денес Ист гејт мол е шопинг дестинација со слух да го исполни сето она, кое што го посакува и очекува информираниот потрошувач на денешницата, кој за да го истражи секој коридор и продавница во молот, ќе му бидат потребни дури 18 часа.

„Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, кој што овозможува работни места за над 1500 луѓе и за кој што сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје, туку и за голем дел од балканскиот регион“, рече Јанакудакис.

Ист гејт мол е инвестиција на Балфин групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ