среда, 15 април 2026

Импакт фондација ќе спроведува обуки за фриленсинг – работа

Објавено на

часот

Сподели

Фондацијата Импакт овој месец потпиша договори за партнерство со  Бреинстер, Сеавус Едукативниот Центар (SEDC) и образовниот центар СЕМОС, врвни даватели на обуки во земјава, со цел имплементација на модули за обука за фриленс работа и развивање на наставни програми наменети за целни групи – за младите, за жени и за ранливи и маргинализирани групи. Како што информира фондацијата, ќе им се овозможи на сите студенти да земат учество на првите специјализирани обуки за фриленсинг и ќе им помогнат подобро да го разберат овој пазар.

„Се очекува дека повеќе млади луѓе и жени ќе започнат да се занимаваат со нудење на фриленсинг услуги, како начин на заработка и обезбедување на приход. Студентите ќе бидат поддржани со стручна обука и натамошн поддршка од тренинг центрите во нивниот кариерен развој.

Почнувајќи од идниот месец студентите ќе имаат можност да ги научат не само дигиталните вештини, туку и „меките“ вештини поврзани со работа на популарни платформи како Upwork, Evato и Fiverr.

„Секој давател на обука има уникатна вредност во својата испорака и експертиза, така што ангажманот на повеќе даватели на обуки ќе ги надополни профилите на повеќето заинтересирани студенти, овозможувајќи поширока лепеза на обуки за целните групи. Целта на тренинг центрите и Импакт Фондација е да обучат 300 студенти до март идната година од кои 150 би започнале да работат на некои од највреднуваните фриленс платформи“,велат од Фоднацијата.

Имакт фондацијата е организација за развој на приватниот сектор, локален ко-фасилитатор на програмата Рекономи (Reconomy), водена од методологијата за развој на пазарни системи (МСД). Фондацијата е формирана од локалниот тим на практичари и експерти за МСД кои го започнаа првиот проект за МСД во Македонија.

Рекономи е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од Helvetas Swiss Intercooperation во Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ