Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години. Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.
Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.
Халк банк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.
Комерцијален текст






