недела, 19 април 2026

Еколошката такса од 3,1 до 3,5 денари на нафтените деривати дел од „зелената“ владина политика

Објавено на

часот

Сподели

Од Владата велат дека на седницата било објаснето дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и дека најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари, велат од Владата.

Заштитата на животната средина и овозможување зелен и одржлив развој е еден од врвните приоритети на Владата и токму во таа насока, додаваат, средствата ќе се прибираат во посебниот фонд, а кои на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра, ќе се насочат токму во еколошки проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ