среда, 15 април 2026

Еднодневна изложба на илустрации во филијала на Халкбанк во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Како поддржувачи на уметноста и културата, сакаме на нашите клиенти да им ја доближиме благородната природа на уметноста. Како банка на народот (halk на турски e народ), пред сѐ мислиме на обичниот човек, кој можеби нема често можност за средба со уметничко дело во живо. Оттука и нашата желба да приредиме мало, пријатно изненадување токму преку илустрацијата како најзастапен ликовен израз“, вели Маја Наумова Савеска од Халкбанк.

„Сликовницата на Халки“ е концепирана врз важни теми за најмладите: другарство, толеранција, прифаќање, инклузија и борба за здрава животна средина. Таа има и хуманитарна мисија, па средствата од продажбата на секој примерок ќе бидат донирани за поддршка на децата без родители и родителска грижа згрижени во СОС Детско село.

Во филијалата покрај илустрациите ќе биде поставен и QR код за онлајн купување на „Сликовницата на Халки“.

Од Халкбанк велат дека Датумот и местото, односно филијалата каде што следно ќе патуваат илустрациите, исто така ќе бидат изненадување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ