Во време на раст на кардиолошките болести, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги промовира седумте пакети, сите со неколку кардиолошки услуги кои гарантираат комплетна заштита на здравјето на срцето, кардиолошка превенција, но и прецизно и навремено дијагностицирање на секој кардиолошки проблем. Во секој пакет практично за единствена промотивна цена се прават сите потребни прегледи.
Во кардиолошкиот премиум пакет е вклучен преглед од доктор кардиолог, но и ЕКГ, ехо и коронарен стрес-тест.
Посебна можност е постковид кардио пакетот. Многумина пациенти кои го прележале Ковид-19 имаат низа кардиолошки проблеми, но исклучително е важно секој по болеста да изврши преглед за да се увери дали е сè во ред. Во постковид пакетот има кардиолошки пакет, ехо, ЕКГ и доплер за ритам.
Коронарниот циркуларен пакет покрај прегледот од специјалист кардиолог вклучува и ЕКГ, доплер К/П и коронарен стрес- тест.
Каротидниот пакет е со вклучен доплер каротиди, а за единствената промотивна цена исто така се добива и кардиолошки преглед од доктор, ехо и ЕКГ.
Една од понудите е васкуларен и церебрален пакет во кој се добива прегледот од кардиолог, ЕКГ, доплер каротиди и доплер на периферни крвни садови.
Пакет за аритмии и пакетот за хипертензија се пакети услуги во кои пациентот добива кардиолошки преглед со ЕКГ, ехо и доплер.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и овој пат креирајќи ги овие промотивни пакети се става во функција на заштита на здравјето на граѓаните во земјата, но и во регионот. Како најдобра клиничка болница гарантира квалитет, безбедност и прегледи на најсовремена опрема.
Комерцијален текст






