Продажниот салон се наоѓа во приземјето на трговскиот центар. Атрактивната позиција го прави лесно пристапен за сите посетители кои сакаат непосредно да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин да го направат вистинскиот избор за комуникација.
Како и во сите продажни салони во мрежата на А1, целокупното ентериерно решение е во согласност со брендот и имиџот на компанијата и претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на девет члениот персонал со клиентите што ја претставува и крајната цел на компанијата, да обезбеди што подобра услуга за своите корисници.
Во рамките на официјалното отворање на салонот сите посетители кои во периодот од денеска до недела ќе обноват или склучат нов договор за А1 Нео портфолиото или А1 комбо добиваат ексклузивна можност за дополнителен попуст до 6.000 денари за одредени модели на телефони.
А1 продажниот салон ќе работи секој ден од 10 до 22 часот.
Комерцијален текст






