среда, 15 април 2026

20 години Реплек, австриска поддршка и ново поглавје

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорот Вуцас рече дека Австрија е еден од најголемите поддржувачи на македонската економија, а австриските инвеститори се едни од оние кои остануваат во Македонија и даваат додадена вредност на компаниите, а Реплек е одличен пример за тоа.

„Ќе ги повторам пораките и на австриските власти а тоа дека на политички план Австрија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за влез во ЕУ и се надева дека Северна Македонија што поскоро ќе биде дел од Европската Унија. Треба секако да се зголеми и унапредување на соработката меѓу двете земји, за која што јас лично ќе се вложам, како што е примерот во Реплек“, изјави Вуцас.

Новото раководство на Реплек се залага за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија. За ваквата соработка постои голем интерес од двете страни, а веќе се започнати и преговори.

„Планираме капитални инвестиции во нашите капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на нашите производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар. За оваа соработка да биде уште посилна и постабилна, секако е потребна и добредојдена поддршката на австриската амбасада како и стопанските комори на двете земји. Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел“, изјави Пецовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ