вторник, 18 ноември 2025
Локални избори 2025

Денеска митинзи во Гевгелија, Валандово, Брвеница, Сопиште, Битола…

Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.

 

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција.

Опозициската СДСМ денеска ќе ги посети дел од скопските општини и тетовската општина Брвеница. Караванот на СДСМ ќе биде во Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба. Изјава за медиумите ќе има и кандидатката за градоначалник на Скопје Каја Шукова.

За денеска, изборни активности во Битола се закажани од страна на политичката партија Левица каде е најавено присуство на лидерот на партијата Димитар Апасиев и кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсовска.

Прес-конференција денеска ќе одржат и движењето Слободни и независни и потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми и кандидатот за градоначалник на Липково, Еркан Арифи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ