Ликовите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев, како и Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.
Драмата „Вистинскиот запад“, инаку номинирана за Пулицерова награда во 1983, како дел од овој проект за прв пат на македонски јазик е преведена од Марио Стојаноски.
„Сте се фатиле ли себе си во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува“, стои во најавата за настанот.
Следни датуми за изведба се во месец октомври. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Македонија.






