сабота, 30 мај 2026

Проекции на кратки филмови во продукција и ко-продукција на Охо во Кинотека

Објавено на

часот

Сподели

Со почеток од 18часот, најмалите фанови на „5+ фамилија“ ќе имаат можност да го погледнат првиот долгометражен филм на Петко и другарите, под наслов „Тајниот изум“, во режија на Дина Дума, а по сценарио на Билјана Црвенковска. По сценарио и режија на Елеонора Венинова, ќе бидат прикажани и кратките анимирани филмови за деца: „Прасето што сакаше да биде птица“ и „Човекот што го украде Сонцето“, наведоа од Охо Продукција.

Оттаму додадоа дека од 20 часот, повозрасната публика ќе има можност да ужива во траги-комичниот документарец за гробарскиот бизнис со наслов „Сите ќе умреме“ по сценарио и во режија на Сашко Потер Мицевски.

„Во блокот кратки документарни филмови ќе бидат прикажани и: „Поделено општество“ по сценарио на Сашо Ордановски, а во режија на Александар Ристоски и „Слобода на движење – Приказната на Сафват“ по сценарио и режија на Сашко Потер Мицевски, информираа од продукцијата. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ