
Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.
За годинава се најавени и настапите на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom.
Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист, а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано. Танос Ставридис e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника. Тој ќе го промовира својот нов албум „Spicey Margarita“, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје, а влезот за публиката ќе биде бесплатен и возможен само со потврда за целосна вакцинација (со две дози).





