сабота, 25 јули 2026

Промислување на пандемиите – тема на бројот во „Филозофска трибина 29“

Објавено на

часот

Сподели

Стожерен дел од списанието претставува темата Промислување на пандемиите, односно во него се поместени 11 авторски текстови од истоимениот минатогодишен симпозиум одржан во рамките на 18. одбележување на Светскиот ден на филозофијата. Според тоа, читателите ќе можат да се запознаат со видувањата за оваа актуелна тема на авторите: Иван Џепароски, Радомир Виденовиќ, Филип Трајковски, Мартин Поповски, Самуел Садикарио–Колономос & Иван Бабановски, Росано Чолаков, Даниела Николова, Јасмина Поповска, Бошко Караџов, Владимир Ѓуровиќ и Игор Поптрајков.

Дополнително, на почетокот на бројот има пригоден комеморативен текст за акад. Георги Старделов (1930–2021) од страна на проф. Џепароски, додека кон крајот и обемната библиографија на Старделов.

Излегувањето на овој број на „Филозофска трибини“ е поддржан од страна на Министерство за култура и списанието засега може да се најде во Книжарниците „Или Или“ и „Култура“ по цена од 150 денари по примерок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ