
Културната манифестација за филмофилите почнува вечер со свечено отворање во 20 часот во малата сала на Центарот за култура и проекција на документарниот филм „Омега“.
„Станува збор за музички документарец за албум со песни во кои се испреплетени панк-рок музиката на шпанскиот бенд Лагартија Ник, стиховите и музиката на Леонард Коен (1934 – 2016), стиховите Лорка (1899 – 1936), трагичниот поет и јунак на Шпанската граѓанска војна, со гласот на легендата на фламенкото Енрике Моренте (1942 – 2010)“, најавија од секторот за односи со јавност на НУ Центар за култура-Битола.
Во рамките на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Духот на пчелната кошница“, „Девет писма за Берта“, „Национално наследство“, „Ракетата од Калабуч“, „Матахарис“ и „Невините светци“.
Кинопроекциите се бесплатни и ќе се реализираат во согласнот со мерките за ковид, а бројот на места во салата е ограничен согласно протокол, посочуваат од НУ Центар за култура-Битола.





