недела, 26 јули 2026

На „Интерфест” вечерва концерт на германското дуо Михаил Кун и Кристог Еверс

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на „Интерфест” синоќа во Битола настапија Ангела Братиќ, уметница на флејта и пијанистот Александар Цветковиќ од Србија кои во својот музички рецитал исполнија дела од Пиацола, Шокер, Мариконе и Златковиќ.

Според фестивалскиот концепт, викендов во Битола на публиката ќе ѝ  биде понудена театарска претстава во изведба на актерите од Битолскиот театар кои ќе се претстават со неодамнешната премиера „И коњите ги убиваат, зар не?” од Хорас Мек Кој, во режија на Мартин Кочовски, а в недела музикологот Викторија Коларовска Гмирја ќе одржи онлајн предавање за македонското музичко творештво.

В недела навечер во битолскиот Музеј целовечерен музички рецитал ќе има Емил Рибарски, кој на пијано ќе изведе дела од Лист, Равел и Шопен. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ