Фестивалот почна со Девојките или The Chicks кои со својата позитивна енергија уште на самиот почеток ја освоија публиката. Стајлинг, шарм, убавина и елеганција како да фалеше на сцената, која тие со нивниот настап ја пополнија.

После нив беа младите и симпатични Fiction, кои публиката одлично ги препозна, потпевнувајќи ги нивните песни и хитови. Кога бендот ја најави последната песна, како да се знаеше дека дојде време за изведба на песната Техно.
Трети по ред беа искусните и добро етаблирани Милко, кои со својот мелодичен инди-поп звук докажаа дека нивната децениска напорна работа и творештво се веќе созреани и одлично се вклопуваат во ова модерно време во кое живееме.

Фестивалската вечер ја затворија Decoy, кои изведоа трибјут на групата Paramore. Младите и талентирани членови на бендот беа многу блиску до нивните оригинални настапи.






