Како што информираат од Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ, на програмата се дела од Адриен Алберт, Чарлс Коехлин, Чик Кореа, Хауард Блејк и Расел Петерсон.
Триото е формирано во 2015 година, а во својот широк репертоар составот има композиции од сите музички епохи, оригинални композиции, транскрипции, обработки, модерни и современи композиции.
Во биографијата на „Ад Либитум“ е забележано и едно аудио издание, снимено во МРТВ.






