среда, 24 јуни 2026

Вeчер на Скопскиот џез фестивал посветена на солидарноста со бегалците

Објавено на

часот

Сподели

Претставничката на УНХЦР Моника Сандри рече: „Почестени сме што соработуваме со Скопскиот џез фестивал, кој со пример ги инспирира и другите да застанат на страната на бегалците. Благодарни сме за постојаната посветеност на Фестивалот и можноста и оваа година да ги здружиме силите и да потсетиме на луѓето кои бегаат од конфликти, прогон и војни и на кои им треба нашата солидарност. Минатата година во светот, повеќе од 80 милиони луѓе биле приморани да избегаат од својот дом. Отприлика половина од бегалците во светот се деца.

Солидарноста е морална и етичка обврска за нас како луѓе и правна обврска за државата. Само со нашата солидарност, бегалците можат да имаат убав живот и да дадат свој силен придонес кон општеството кое ги прифатило.“

Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета рече: „Со УНХЦР соработуваме веќе трета година. Но, Скопскиот џез фестивал е на страната на бегалците од многу порано од тоа бидејќи таа кауза доаѓа од идеолошките и хуманитарни определби на фестивалот и хуманата должност што ја имаме како граѓани.

Како фестивал на џезот, кој се смета за форма на уметност што ги крши јазичните, етничките, расните и класните бариери и кој се бори против национализмот и за слободата, ние имаме не само привилегија, туку и одговорност да едуцираме. Пред сè за џезот и музиката од светот, но и за вредностите во општеството и кај секој поединец кој нè следи низ годините. Не смееме да дозволиме омразата да е погласна од солидарноста со бегалците. А, џезот е тука да ни помогне да растеме и да бидеме подобри луѓе.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ