среда, 15 април 2026

Македонскиот саксофонист Григори Ангелов на европски натпревар во Солун

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките  на Европскиот Лајонс форум со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 25 години и секоја земја предлага еден претставник.

Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по инструментот саксофон. Натпреварот ќе се реализира на Солунскиот државен универзитет и завршниот концерт ќе се реализира во Концертната сала на Солун. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори по саксофон.

Григори Ангелов е од класата на професорот Владимир Трајановски. Тој е добитник на значајни награди за млади музичари во Македонија и Србија и посетувал бројни мастер класови кај познати професори од Германија, Словенија, Хрватска, Грција и Србија.

Неговото натпреварување е поддржано од македонскиот Лајонс дистрикт 132. Национален координатор на музичкиот натпревар е Пламенка Трајковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ