петок, 17 април 2026

Фолтин во креативен полет го промовираа своето ново ЕП (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во креативен полет, Фолтин денес во МКЦ го промовираше своето ново ЕП под наслов „Симултан Бакнеж“.

Тој се состои од 4 песни:

1. Симултан бакнеж

2.Недопрена

3. Кој може да расипе еден ваков ден

4. Сенки

 снимени во Студио АЛШАР – Скопје, во декември 2020.

Како и досега и овој пат не изостана одлично смислениот графички дизајн на омотот, а како автор  се потпишува: Ѓорче Ставревски.

Во склоп на презентацијата на новото ЕП беше и промоцијата на видеоспот за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Мајкл Ривас, а актери се Рио Раш и Ниша Вирмани. Видеозаписот е снимен во Берлин. Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски. Продуцент на видеозаписот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.

Оставени во мод на мирување, чекаме кротко до првиот термин закажан за нашата средба на подиум, како што доликува загорени од желба за размазување на сетилата, а дотогаш ги вежбаме песните за потпевнување.

Билјана Пејовска

Фото: Роберт Атанасовски

[video:https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=ORH1f8T_myA autoplay:0]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ