недела, 19 април 2026

Мобилна библиотека ја промовира вредноста на читањето

Објавено на

часот

Сподели

Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации Центар за балканска соработка – „Лоја” од Тетово, како и организации од Албанија, Косово, Србија и Турција.

„Проектот преку своите активности ќе се обиде да даде поддршка, односно стимул за развој на младите во насока на толеранција, меѓукултурна соработка, ширење на демократски вредности, што е најдобро да се негуваат кај најмладите. Библиотеката е опремена со книги и други материјали од земјите кои се наши проектни партнери. Ќе патува во следните три години низ сите овие држави. Почнуваме токму тука од Теарце и во наредните 12 месеци тимот на ‘Лоја’ ќе патува низ сите региони на Македонија. Почнуваме од Полошкиот регион, ќе се нудат секакви активности од литературни читања, поезија, работилници“, изјави Тања Кругер од Гете Институт Скопје.

Концептот на мобилната библиотека е заснован на долгогодишното искуство на Гете-институт со водење на автобуси- библиотеки или културни единици низ различни земји како на пример Франција, Египет, Либан, Јордан, Белорусија и други. Мобилната библиотека содржи наслови од писатели од регионот и Турција. Понудената содржина е на локалните и националните јазици кои се зборуваат во секоја држава. Специјално дизајниран и одлично опремен мини-бус и во следните 12 месеци ќе посети над 100 заедници во Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ