четврток, 28 мај 2026

Книги од „Матица“ за сите одлични ученици во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“

Големата акција на „Матица македонска“, „Мисли на македонски, читај домашно“, организирана од „Матица македонска“ по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св.и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, завршува со голема донација за СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Во духот на пораката со која беше осмислена целата акција, „Матица македонска“ ќе подари книги за сите одлични ученици во гимназијата, со цел македонската книга да стигне токму до оние кај кои се препознава знаењето, трудот, љубопитноста и идниот интелектуален потенцијал. На тој начин завршницата на акцијата не е само потсетување на последниот ден од попустите, туку и симболичен чин на враќање на книгата таму каде што таа има најдлабока смисла – меѓу учениците, во училиштето и во просторот во кој се создаваат новите читатели.

Изборот донацијата да биде наменета за битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“ има и посебно значење за „Матица македонска“. Токму во оваа гимназија учел основачот на издавачката куќа, истакнатиот поет, книжевен критичар, преведувач и есеист Раде Силјан. Затоа оваа донација е и гест на почит кон училиштето што е дел од неговата лична и интелектуална биографија, но и кон образовната традиција од која произлегле многу значајни личности за македонската култура, наука, јавен живот и општество.

Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Битола е една од најстарите и најреномираните средношколски институции во Македонија. Според податоците од нејзиниот историјат, денешната гимназија започнала да работи во 1892 година како нижа гимназија, а низ нејзините клупи поминувале ученици од целиот тогашен Битолски вилает. По ослободувањето, на 6 февруари 1945 година, гимназијата започнала со редовна настава на македонски јазик, со решение на Народната влада на Демократска Федеративна Македонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ