понеделник, 20 април 2026

„Балкански фестивал на народни песни и игри“ по 60-ти пат

Објавено на

часот

Сподели

Јубилејното 60-то фестивалско издание ќе го отвори претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, а пред публиката на сцената „Долни Сарај“ќе се обратат и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и Горан Симоноски, директор на Центарот за култура „Григор Прличев“, инаку организатор на манифестацијата.

Првата вечер фестивалската сцена е резервирана за настапите на Ансамблот „Македонија“ од Скопје, како и за Академското културно-уметничко друштво „Бранко Крсмановиќ“ од Белград.

Наредните три дена на „Долни Сарај“ пред охридската публика со игри и песни ќе се претстават уште и Културно-уметничкото друштво „14 Февруари“ од Бања Лука, КУД „Дримкол“ од Вевчани, Ансамбл „Студио фолклор“ од Скопје, Инструменталниот состав „Ќустек“ од Скопје, Фолклорниот анасамбл „Никола Ѓурковиќ“ од Котор, КУД „Јане Сандански“ од Неготино, Друштвото „Плус Денс“ од Елбасан, КУД „Бисер“ од Кичево и Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид.

Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и монографијата „60 години Балкански фестивал на народни песни и игри“ на авторот Милчо Јованоски.

Сите настани се организирани согласно здравствените протоколи за заштита од коронавирусот, а влезот на посетителите е слободен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ