недела, 26 јули 2026

Анна Кондратенко и Ева Богоевска со концерт во Филхармонија

Објавено на

часот

Сподели

Анна Кондратенко е родена во Новосибирск, Русија, каде што почнала да свири виолина на 4 години. Како солист има настапувано со низа симфониски оркестри низ светот, а моментално работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонската филхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестарот на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.

Богоевска, пак, неодамна беше наградена од УКИМ за најдобар студент од Музичката академија во Скопје, со завршен просек од 10,00 за учебната 2019/2020. Таа почнала да изучува виолина на седумгодишна возраст во класата на проф. Анна Кондратенко. На 16-годишна возраст се запишала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како најмлад студент во државата и е добитник на многу државни и меѓународни награди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ