понеделник, 25 мај 2026

Жена обвинета за измама при добивање кредит

Објавено на

часот

Сподели

Обвинетата, како што информираат од ЈОРСМ, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци.

Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември. Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ