понеделник, 25 мај 2026

Во куфер шверцувал облека натопена со кокаин, се бранел дека доаѓа од земја со висока влажност на воздухот

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува Царинската управа, македонскиот државјанин со албанско потекло на 13 декември допатувал од Еквадор, преку Амстердам во Белград, каде што цариниците при прегледот на багажот забележале дека облеката е влажна и потешка од очекуваното.

Штом патникот го отворил куферот се почувствувал силен мирис на киселина, а целата облека во багажот била влажна. Во куферот немало ништо друго освен облека, чевли и средства за лична хигиена, иако патникот рекол дека дошол од Еквадор, каде што 13 дена престојувал кај пријател.

По консултации со Обвинителството, наредено е багажот привремено да биде задржан и да се испрати на вештачење, а наодите на Националниот центар за криминалистичка форензика на српското МВР потврдиле дека примероците се позитивни на кокаин.

Против државјанинот на Македонија ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнеж за трговија со дрога.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ