сабота, 21 јуни 2025

Уапсен тетовец, возел со 175 километри на час

Вчера попладне на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.од село Нераште, тетовско. При сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило бмв со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување на моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ