сабота, 23 мај 2026

„Тигрите“ кај шест лица во Дебар Маало пронајдоа кокаин и оружје

Објавено на

часот

Сподели

На ул.„Боемска“, информираа денеска од МВР, бил приведен и С.Г. (25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

На истата улица биле приведени и А.А. (24), Б.И. (20) и О.А. (23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ