среда, 25 јуни 2025

Тешко повредена жена во Тетово удрена од тротинетист кој избегал

Е.М. (53) вчера била тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улицата 121 и булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово. Во неа удрил електричен тротинет, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Тетово, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Тетово, а полицијата работи на пронаоѓање на возачот на електричниот тротинет кој избегал по несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ