Во Тетово од лекар од Итна медицинска помош при Клиничка болница Тетово е пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Тетово Н.В. пријавил дека неговиот татко Б.В. (77) бил во лоша здравствена состојба.
„Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт, при што биле забележани гребаници во пределот на вратот. Увид на лице место извршиле јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово. Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга П.В. (76), Б.В. починал. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






