понеделник, 25 мај 2026

Приведени двајца мигранти од Пакистан за криумчарење мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, на 22 декември, по преземени мерки и активности на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се  малолетни.

Исто така, при преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница. 

Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка,  додека, останатите лица се сместени во Прифатен центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ