„При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, информираат од МВР.
Возачот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управувањена моторно возило.