среда, 19 ноември 2025

Приведен 52 годишен маж, се заканувал на судијка од велешкиот суд

52 годишен велешанец бил приведен откако испратил закани кон судијка од Основниот суд Велес, информираа денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници, вчера доцна попладне, во Сектор за внатрешни работи Велес постапиле по пријава на Основен суд Велес и извршиле службен разговор со 52 годишниот  Д.О. поради упатени закани кон судијка по претходно донесена пресуда, во нејзино отсуство.

Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, се преземаат мерки за целосно расчистување и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ