„Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот“, информираат од СВР Тетово.
Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар.






