понеделник, 25 мај 2026

Петмина повредени во сообраќајка на две коли и камион на патот Охрид-Ресен

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајката, како што соопшти МВР, се случила помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко  возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота” К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” и Општата болница во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ