петок, 14 ноември 2025

Одреден притвор за 25-годишен скопјанец за разбојништва во филијали за брзи кредити

На млад скопјанец кој признал разбојништва во филијали за брзи кредити, одреден му е притвор, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода скопјанецот Б.А., на возраст од 25 години.

„Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР – Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признало делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка – притвор од 30 дена“, велат од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ