понеделник, 25 мај 2026

Македонски државјанин баран по потерница од Виена за шверц со дрога ќе биде екстрадиран од Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописникот на МИА од Софија, барањето за притвор и екстрадиција на лицето е со цел кривично гонење и се однесува на две кривични дела, учество во организирана криминална група и нелегална трговија со дрога и психотропни супстанци. За овие кривични дела се предвидува затворска казна до 15 години.

Бараниот пред судот во Ќустендил изјавил дека сака веднаш да им биде предаден на австриските власти. Тој ќе ја користи законската одредба во Австрија да може да му се суди само за споменатите кривични дела.

Окружниот суд Ќустендил ја потврди и мерката притвор „притвор” изречена против македонскиот државјанин до неговото предавање на Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ