сабота, 23 мај 2026

Македонска државјанка барана со потерница од Норвешка, уапсена на границата со Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Службите на граничната полициска станица Тушемиште, на влезот во Република Албанија, при контрола на документите утврдиле дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, стои во полициското соопштение, пренесува МИА.

Во соопштението се додава дека за охриѓанката била распишана меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање” и оти Интерпол Тирана ја продолжува постапката за нејзина екстрадиција во Норвешка.

Претходно, на 11 јули на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на албанска територија, уапсен е Ф.В. 39-годишен жител на село Велешта, струшко. Против него шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици”.

Три дена подоцна на  преминот Морина, пак, на албанско – косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсиле Џ.Ф. (38) од Скопје баран со меѓународна потерница за кривични дела „кражби” и „трговија со наркотици”, распишана од белгиските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ